Внимавајте, хакерите креираат лажни повици на Zoom, Teams и Meet

Објавено на 13.05.2020 во Новости



Внимавајте, хакерите креираат лажни повици на Zoom, Teams и Meet

Пандемијата со коронавирусот ја намали економијата во цел свет, но кибернетските криминалци не престанаа со своите акции. Сега за нив е плодна жетва. Сега се пософистицирани и се фокусираат на оние што работат од дома и секојдневно користат различни апликации за видео повици.

Така исшраќаат лажни пораки што изгледаат како покани за приклучување на разговор на Zoom, Microsoft Teams и Google Meet - најпопуларните апликации за видео повици и видео конференции. Во пораката се наоѓа само краток повик за примателот да го вклучи видео повико на „Отвори“. Наместо да воспоставите повик, кликнувањето на тоа копче ве води на лажна страница со злонамерен код што инсталира малвер програми на вашиот компјутер.