Honor X10 ќе има квалитетен дисплеј со 90Hz

Објавено на 13.05.2020 во Новости



Honor X10 ќе има квалитетен дисплеј со 90Hz

Honor X10 можеби нема да биде екстра моќен како што првично се очекуваше, но сепак се поголемиот број на нови податоци откриваат дека смартфонот ќе има и повеќе од солидни перформанси.

Најновата информација за Honor X10 открива дека смартфонот ќе има квалитетен дисплеј со refresh rate од 90Hz со големина од 6.63 инчи IPS LCD дисплеј и Full HD + резолуција.

За Honor X10 исто така е познато дека ќе работи со Kirin 820 процесор, ќе има 8 GB RAM, 128 GB основна вградена меморија, батерија со капацитет од 4,200 mAh со брзо полнење од 22.5W и главна камера со 40 мегапиксели на Sony.