Twitter вработените може засекогаш да работат од дома

Објавено на 14.05.2020 во Новости



Twitter вработените може засекогаш да работат од дома

Пандемијата со коронавирусот засекогаш го промени начинот на кој компаниите работат. Така Twitter во вторникот стана првата технолошка компанија што им дозволи на вработените да работат трајно од дома, доколку имаат услови за тоа. 

Пандемијата во која досега во светот се заразени 4,2 милиони луѓе, доведе до ограничување на движење во повеќето земји и го промени начинот на работа. Работата од дома станува нова норма, Twitter вели дека пред септември нема да отвори многу канцеларии и дека вработените ќе може да бираат дали сакаат да работат од дома или ќе одат во компаниите да работат. 

Автор: Aleksandar Stankov