Какви Android смартфони бараат корисниците

Објавено на 15.05.2020 во Android



Какви Android смартфони бараат корисниците

Android влегува во пост премиум период, коментирал директорот на Strategy Analytics, Јуха Винтер, за продажбата на смартфони од првиот квартал на 2020 година. Меѓу првите шест најпродавани Android-и само еден е топ модел, односно смартфон од премиум сегментот и станува збор за Galaxy S20+, кој го зазеде третото место на скалата.

Според нивните податоци, најголем удел на пазарот со 2,3% кај Android-ите, прв е Samsung Galaxy A51, телефон од средна категорија, додека S20+ е на трето место со 1,7% удел на пазарот. Меѓу двата Samsung телефони е Xiaomi Redmi 8, со учество од 1,9% на пазарот, при што Redmi Note 8 е на петото место со 1,6% од пазарот. Останатите две места на топ 6 скалата припаѓаат на Samsung - A10s на четвртото место со 1,6% учество, додека A20s е на шестото место со 1,4% на пазарот.

Трендот на раст на популарноста на евтини телефони, уреди од средната категорија е забележан веќе одредено време, со оглед на тоа што цената на најмоќните модели од Android достигна 1000 долари, но за корисниците тоа е премногу и не сакаат да дадат толку пари за смартфон. За повеќето просечни корисници, Samsung A51 и Xiaomi Redmi 8 се повеќе од доволни за секојдневно користење, сурфање и фотографирање.