Што подразбира ЕУ директивата за чисти возила до 2025?

Објавено на 16.05.2020 во Новости



Што подразбира ЕУ директивата за чисти возила до 2025?

Според Директивата за емисија на CO2 2019/631, до 31 декември 2025 година, за чисти возила ќе се сметаат сите автомобили што емитуваат не повеќе од 50 грама CO2 на 1км и до 80% соодветни граници на НОх и цврсти честички во реални услови на возење. 

После 1 јануари 2026 година, за чисти возила ќе се сметаат само автомобили или комбиња со 0 емисија емитување на штетни гасови. Директивата на Европската Унија позната како „Директива за чисти возила“ е донесена од Европскиот парламент и Европскиот совет во јуни 2019 година, која мора да се воведе во националните закони на сите земји членки најдоцна до 2 август 2021 година.

Чисти тешки возила се сите камиони и автобуси што употребуваат алтернативни горива, дефинирани во Директивата 2014/95, како што се: хидроген, електрични на батерии вклучително плаг-ин хибриди, природен гас – CNG, LPG и биометан, течни биогорива, синтетички горива и LPG.

Автор: Aleksandar Stankov