Apple по долга пауза повторно ќе лансира iPad Mini

Објавено на 18.05.2020 во Новости



Apple по долга пауза повторно ќе лансира iPad Mini

Таблетите со помала форма на екранот долго време не се во мода бидејќи во меѓувреме се појавија смартфони со големина од речиси 7 инчи што ги задоволува сите потреби за голема површина на уред кој може да се користи и за телефонски функции, покрај за мултимедија.

Затоа Apple речиси 5 години не ја обнови популарната серија на iPad Mini таблети, но тоа може наскоро да се промени. Според информациите со кои располага добро упатениот аналитичар Минг Чи Ку, Apple догодина ќе го лансира новиот iPad Mini.

Некаде во првиот квартал од 2021 би требало да го видиме таблетот iPad Mini со 9 инчен дисплеј и коцкаста форма на дисплејот, а исто така ќе има и пониска цена со примена на идентична стратегија како кај iPhone SE 2020.





Прочитајте повеќе: