Huawei: Одлуката на САД ќе има штетни последици на глобално ниво

Објавено на 19.05.2020 во Новости



Huawei: Одлуката на САД ќе има штетни последици на глобално ниво

Huawei реагираше на американското продолжување на траењето на црната листа. Одлуката е штетна и ќе има сериозни глобални последици, смета кинескиот бренд. Новото правило ќе влијае за понатамошното функционирање на мрежата во вредност од стотици милијарди долари, воведена во над 170 земји, велат тие.

„И покрај фактот што за Huawei е забранет пристапот кон многу индустриски и технолошки елементи, и понатаму сме посветени кон почитување на сите правила и прописи на американската влада. Во меѓувреме успеавме да ги исполниме договорните обврски кон купувачите и добавувачите, преживеавме и тргнавме напред, наспроти првобитните предвидувања“, соопштуваат од Huawei

Huawei е против промените и надополнувањата на правилата за странски производи што се однесуваат за Huawei, по предлог од американското министерство за трговија. Американската администрација го додаде Huawei на 16 мај, 2019 година, на списокот на ентитети, на кои им треба посебна дозвола за извоз во САД без оправдување.