iPhone 12/Pro 5G со најновиот „Super Retina XDR“ OLED дисплеј

Објавено на 19.05.2020 во Новости



iPhone 12/Pro 5G со најновиот „Super Retina XDR“ OLED дисплеј

iPhone 12 и iPhone 12 Pro се очекуваат да пристигнат со важни надградби подоцна оваа година со главни промени во сегментот на дисплејот. Display Supply Chain Consultants (DSCC) ги објавиле новите промени. 

iPhone 12 Pro Max ќе има масивен 6.68-инчен флексибилен OLED дисплеј обезбеден од Samsung Display. Екранот ќе биде со резолуција од 2778 x 1284 пиксели,со иста густина на пиксели како и iPhone 11 Pro Max – 458ppi. Важната разлика од претходниот и сегашниот модел е новата Y-OCTA технологија, која овозможува тачскрин колото да биде директно упатено кон OLED панелот без потреба од посебни слоеви. Тоа резултира и со потенок дисплеј и помали трошоци за производство.

Новиот дисплеј ќе биде брендиран со името ‘Super Retina XDR’, при што Apple планира годинава и 10-битна поддршка за длабочината на боите, што значи дека iPhone ќе може да прикаже над 1 милијарда бои. 





Прочитајте повеќе: