Pixel 5 можеби нема да работи со најмоќен процесор

Објавено на 20.05.2020 во Новости



Pixel 5 можеби нема да работи со најмоќен процесор

Google се уште не донел одлука за конечната листа на спецификации за следниот премиум смартфон Pixel 5 кој можеби ќе има пониска цена од вообичаено, па така нема да работи со најмоќниот осум-јадрен Snapdragon 865 процесор.

Според најновите информации од извори блиски до Google постои можност новиот Pixel 5 да работи со квалитетниот, но една класа послабиот осум-јадрен Snapdragon 765 процесор, ќе има поддршка за 5G мобилна конекција и ќе чини околу 700 долари.

Сепак, и овој пакет не делува доволно атрактивно за корисниците, бидејќи постојат голем број на смартфони со 700 класата на процесори на Snapdragon со 5G поддршка кои се продаваат за цена од околу 350 долари. 

Автор: Aleksandar Stankov