PayPal ќе може да врши купопродажба со помош на QR код

Објавено на 21.05.2020 во Новости



PayPal ќе може да врши купопродажба со помош на QR код

Со PayPal отсега ќе може да се купува и продава со помош на уникатниот QR код. Оваа услуга нема да биде достапна кај нас и на одредени други пазари, туку само на 28 пазари во светот.

Новиот начин на продажба ќе овозможува да се купува и од земјоделските пазари и половни автомобилски производи. Не мора да бидете фирма, туку може и сами лично да продавате. QR кодот во PayPal овозможува лична трансакција со помош на паричник. Кога продавате нешто, ќе може да испечатите уникатен QR код, а со скенирањето купувачите на едноставен начин ќе скенираат, го внесуваат износот и веднаш се испраќаат парите.

Новата функција на PayPal е достапна на 28 пазари: Австралија, Австрија, Белгија, Канада, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Хонг Конг, Унгарија, Ирска, Италија, Латвија, Луксембург, Малта, Холандија, Португалија, Словенија, Словачка, Шведска, Швајцарија, Шпанија, Велика Британија и САД.