Официјално лансирана апликацијата на Google и Apple за детекција на COVID-19

Објавено на 21.05.2020 во iOs



Официјално лансирана апликацијата на Google и Apple за детекција на COVID-19

Постои апликација на Исланд која одредено време се користи за помош за спречување на ширењето на коронавирусот, која ги идентификува контактите дали се заразени или не. Следењето на контактите преку апликација наскоро би требало да стане достапно во поголем број на држави благодарение на соработката меѓу Apple и Google.

Двата гиганта имаат технологија наменета за Android и iOS телефони, која официјално стана достапна во 22 земји и неколку американски сојузни држави. Софтверот на Apple и Google се базира на bluetooth - ако лицето било во близина на други лица кое болува од COVID-19, ќе добие известување дека било во контакт со заразена личност. На тој начин поефикасно се открива и побрзо се делува.