Американски милијардери се збогатиле за 430 милијарди за време на пандемијата

Објавено на 22.05.2020 во Новости



Американски милијардери се збогатиле за 430 милијарди за време на пандемијата

Коронакризата предизвика многу откази и намалувања на плати во светот. Додека константно слушаме лоши сценарија, цифрите на одредени американски организации покажуваат дека некој профитирал двојно повеќе.

Во периодот од 18 март до 19 мај, на одредени технолошки компании богатството им било зголемено за 434 милијарди долари. Така богатството на милијардерите во САД се зголемило од 2,948 милијарди долари на 3,382 милијарди долари. Најмногу профитирале Џеф Безос, кој сега тежи 150 милијарди долари, потоа следува Бил Гејтс, Марк Цукерберг, Ворен Бафет и Лери Елисон.