Honor ќе ги користи 5G чиповите на Mediatek за ниски цени

Објавено на 24.05.2020 во Новости



Honor ќе ги користи 5G чиповите на Mediatek за ниски цени

Honor како суб-бренд на Huawei во иднина планира да ги користи 5G чиповите произведени од Mediatek со цел да ги одржи цените на смартфоните во основната класа на ниско ниво, односно да бидат достапни за поширок круг на купувачи.

Освен пониската цена од конкуренцијата, исто така Mediatek не е дел од американската листа на производители на чипсети, па така Honor кој е погоден од ембаргото на САД ќе има стабилен доставувач во иднина наместо да се потпира на Qualcomm.