Huawei Enjoy Z е најевтиниот 5G смартфон со топ понуда
Објавено на 25.05.2020 во Новости
Huawei го презентираше новиот 5G смартфон Huawei Enjoy Z кој е меѓу најевтините и најисплатливите мобилни уреди во оваа класа со цена од околу 250 долари.
Huawei Enjoy Z 5G располага со 6.57 инчен FHD+ LCD дисолеј со стапка на освежување од 90Hz, работи со осум-јадрен MediaTek Dimensity 800 процесор, има 6 GB RAM и 128 GB основна вградена меморија, како и батерија со капацитет од 4000 mAh.
Huawei Enjoy Z 5G исто така има тројна главна камера на задната страна со примарен сензор од 48 мегапиксели и 16 мегапикселна селфи камера вградена во засек на предната страна на дисплејот.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.