5G Предаватели на Huawei качени на Монт Еверест

Објавено на 26.05.2020 во Новости



5G Предаватели на Huawei качени на Монт Еверест

Huawei во соработка со China Mobile, инсталирале 5G предаватели на Монт Еверест на надморска височина од 6.500 метри. 100 работници биле ангажирани вкупно за иснталација на редавателите за 5G интернет мрежата.

„Условите во кои се подготвувавме и ја поставувавме базната станица за 5G мрежата, беа исклучително тешки. Се надеваме дека на овој начин Монт Еверест ќе биде приближен до многу истражувачи и вљубеници во природата, а Huawei уште еднаш покажа дека цврсто верува во технологијата што може да го направи овој свет подобро место“, соопшти Ванг Бо, директор на одделот за достава и услуги во Huawei.

Сигналот на самиот врв бил измерен со брзина од 1GB/s. Предавателите се сместени од тибетската страна на височина од 5.300 и 5.800 метри, а потоа и на 6.500 метри.