Redmi K30i со супер ниска цена и 5G технологија

Објавено на 26.05.2020 во Новости



Redmi K30i со супер ниска цена и 5G технологија

Xiaomi Redmi K30i 5G е „помеката“ варијанта на моделот Redmi K30 5G, кој располага со главен сензор од 48MP, наместо со 64MP, каков што е кај главниот модел. Redmi K30i 5G содржи 6.67-инчен FHD+ екран, со 120Hz стапка на освежување на екранот и импресивни тенки рамки. 

Под хауба има Snapdragon 765G процесор, 6GB RAM + 64GB ROM меморија. Од задната страна имаме 48MP+8MP+5MP макро сензор+2MP сензор за длабочина. Има двојна селфи камери од 20MP+2MP, а батеријата е со капацитет од 4.500mAh, со 30W брзо полнење, а цената моментално изнесува 270 долари и го има само во Кина. Очекуваме наскоро да пристигне и во Европа.