Microsoft Surface Duo го очекуваме со подобрен смарт стилус

Објавено на 26.05.2020 во Новости



Microsoft Surface Duo го очекуваме со подобрен смарт стилус

Стилусот е синоним за престижен технолошки уред, кој во иднина би можел да се најде и во Microsoft Surface Duo. Уредот го очекуваме со напредна стилус интеграција со функции што ќе им ја олеснат употребата на корисниците во споредба со претходните Surface модели.

Microsoft Surface Duo ќе има функции на допир, благодарение на смарт стилусот, исто како што ќе биде мемориран и отпечатокот на прстот. Surface Pen има предност со тоа што веќе препознава различни нивоа на притисок, при што сега ќе се воведе и двоен притисок како дел до понудата за опција за пократко лансирање на апликации.