Motorola RAZR 2020: Подобрена камера, батерија и 5G технологија

Објавено на 27.05.2020 во Новости



Motorola RAZR 2020: Подобрена камера, батерија и 5G технологија

После Motorola RAZR 2019, редно време е да го добиеме следбеникот на преклоп. Годинава Motorola ја подготвува новата верзија на RAZR, која се очекува во септември.

Новиот Motorola RAZR под хауба ќе има Snapdragon 765 процесор, 5G технологија, 8GB RAM меморија и 256GB внатрешна меморија. Батеријата овој пат ќе биде поголема, но нема да е големо отскокнуивање - 2.845mAh, со што овој пат добиваме подолготрајна батерија. Задната камера ќе биде со 48MP, која претходно беше со 16MP, додека селфи камерата ќе биде 20MP, која претходно беше 5MP.