Xiaomi: 2020 е последна година со производство на 4G смартфони

Објавено на 28.05.2020 во Новости



Xiaomi: 2020 е последна година со производство на 4G смартфони

Xiaomi и Redmi располагаат со огромна палета на модели на смартфони, кои веќе ги произведуваат новите смартфони со 5G технологија. Xiaomi со последното соопштение веќе ни укажува дека го стопира производството на 4G смартфони од следната 2021 година.

Аналитичарите сметаат дека Xiaomi ќе произведува 4G смартфони за земјите во развој на 5G инфраструктура. Новите 5G модели ќе бидат наменети најмногу за Кина и земјите што веќе имаат воведено 5G инфраструктура. Леи Јун, Извршниот директор на Xiaomi, смета дека 5G ќе внесе револуција во индустријата со апликации како што се 4K/8K видео конференциите, стримувањето на игри и автопилот технологијата. Xiaоми ќе се фокусира само на 5G телефоните засега.

Автор: Aleksandar Stankov