Вака ќе изгледаше откажаниот Google Pixel 4a XL

Објавено на 29.05.2020 во Новости



Вака ќе изгледаше откажаниот Google Pixel 4a XL

Google многу ненадејно се реши привремено да не настапува во премиум класата но, од друга страна не ни понуди уред како некогаш Nexus 4 за да има со што да се пофали и во поглед на цена и на перформанси.

Најавата на Pixel 4a се чинеше дека е чекор во права насока, но потоа следеше изнемафмото откажување од моделот Pixel 4a XL кој за прифатлива сума требаше да понуди квалитетни перформанси.

Сепак, сега излезе слика која открива како требаше да изгледа откажаниот Pixel 4a XL со 6,7 инчен Full HD Plus дисплеј. Обичниот Pixel 4a во продажба се очекува некаде налето.

Автор: Aleksandar Stankov