Amazon лансираше бесплатна видео игра што речиси никој не ја игра

Објавено на 30.05.2020 во Игри



Amazon лансираше бесплатна видео игра што речиси никој не ја игра

Кога некоја технолошка компанија ќе одлучи да влезе во светот на видео игрите, тоа е обично голема вест што ја следат сите светски медиуми, а играчите со нетрпение чекаат да ги одиграат првите потези.

Дали знаевте дека Amazon минатата недела лансираше видео игра? Во Crucible играта е вложено огромен износ на средства, која е бесплатна за играње и достапна на најголемата светска платформа за видео игри, Steam. Во Amazon ја опишуваат како „бесплатна акциска престрелка, што се игра во тимови“, а текот на играта зависи од изборот што ќе го направат играчите. Играчите може да играат како луѓе или како вонземјани. 

Автор: Aleksandar Stankov