Марк Цукерберг објаснува дека луѓето сами треба да одлучат за Трамп

Објавено на 30.05.2020 во Новости



Марк Цукерберг објаснува дека луѓето сами треба да одлучат за Трамп

Twitter означи неколку твитови на американскиот претседател Доналд Трамп како невистинити и дека повикуваат на насилство. Тоа го налути Трамп и почна своевидна војна меѓу Белата куќа и социјалните мрежи.

Додека Twitter цврсто си стои на своите ставови за твитовите на Трамп, Facebook има поинакви ставови за насилството: „Детално ги проучивме објавите што расправаат за протестите во Минесота со цел да можеме да процениме дали ја кршат нашата политика. Нашиот став околу поттикнување на насилство дозволува дискусија околу државното користење на сила, иако мислам дека денешната ситуација отвара важни прашања околу потенцијалните граници за она што дискусијата би требало да биде“, пишува во објавата што ја потпишува Цукерберг.