Microsoft ќе ги замени новинарите со вештачка интелигенција

Објавено на 01.06.2020 во Новости



Microsoft ќе ги замени новинарите со вештачка интелигенција

Microsoft ќе замени десетици новинари со вештачка интелигенција, кои работат на веб страницата на Microsoft. Со тоа компанијата ќе го автоматизира системот кој сам ќе одлучува кои текстови ќе бидат објавени.

За избор на текстови од различни медиуми и фотографии и креирање на наслови на страницата на MSN, моментално се задолжени новинари. Таа задача ќе ја преземе вештачката интелигенција. Microsoft вели дека ова е промена во склоп на евалуацијата на работењето. Околу 50 хонорарни новинари нема да добијат нов договор со Micorosft до крајот на јуни, додека оние што се постојано вработени нема да добијат отказ. 

„Помислата дека може да не заменат машини е деморализирачки“, рекол еден од новинарите што веќе нема да работи за Microsoft.