Honor Play4 Pro ќе биде гејмерски смартфон за сите

Објавено на 02.06.2020 во Новости



Honor Play4 Pro ќе биде гејмерски смартфон за сите

Huawei преку суб-брендот Honor наскоро ќе лансира нов смартфон наменет за гејмери со одлични перформанси и пристапна цена.

Новиот Honor Play4 Pro веќе ги помина задолжителните тестови од кои се открива дека ќе има осум-јадрен Kirin процесор, 8 GB RAM, 128 GB вградена меморија и батерија со капацитет од 4000 mAh.

За Honor Play4 Pro исто така е познато дека ќе располага со сензор за топлина и нејзино распоредување што ќе овозможи долги гејмерски сесии.