Нискобуџетниот Honor 8S (2020) лансиран за 100 фунти

Објавено на 07.06.2020 во Новости



Нискобуџетниот Honor 8S (2020) лансиран за 100 фунти

Honor го претстави Honor 8S 2020, кој беше лансиран на пазарот на Велика Британија, кој е речиси ист како Honor 8S 2019. Дисплеј има со големина од 5.71-инчи со HD+ FullView резолуција, а под хауба MediaTek Helio A22 8-јадрен процесор, 3GB RAM меморија и 64GB внатрешна меморија.

Мобилниот нема скенер за отпечатоци од прсти, но има face unlock технологија. На задната страна има 13MP главен сензор на камерата, а селфи камерата е со 5MP. Honor 8S (2020) има EMUI 9.0 кориснички интерфејс базиран на Android 9 Pie софтвер, додека батеријата има капацитет од 3020mAh. Цената на Honor 8S (2020) изнесува 100 фунти, а го има во Морнарско Сина боја.