Moto E LE наскоро доаѓа како евтина варијанта
Објавено на 07.06.2020 во Новости
Motorola Mobility наскоро ќе ја лансира „лајт“ верзијата на добро познатиот евтин модел Moto Е со неколку новитети.
Според најновите информации Moto E LE ќе располага со 6,5 инчен дисплеј со 1520 x 720 пиксели, ќе работи со осум-јадрен Snapdragon 632 процесор, 3 GB RAM, како и батерија со капацитет од 3,550 mAh.
Во однос на подобрувања на камерата Moto E LE ќе донесе двојна главна камера на задната страна. Исто така се очекува Moto E LE да се продава по цена од 150 евра.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.