Dell ви го претставува Streak Pro 101DL

Објавено на 01.10.2011 во Новости



Dell ви го претставува Streak Pro 101DL

 

Dell го претстави новиот смартфон Streak Pro 101DL кој со себе носи високи перформанси и со нив може да се натпреварува со „големите момчиња“.
 
Streak Pro 101DL е првиот смартфон со Android 2.3 Gingerbread кој доаѓа од Dell. Телефонот доаѓа со 4,3 инчен Super AMOLED дисплеј кој нуди резолуција од 960 x 540 пиксели, а ова значи екран кој нуди беспрекорно јасна слика.
 
За неговата брзина ќе се грижи дво-јадрениот Snapdragon процесор на 1.5GHz. Од назад ќе го краси камера од 8 мегапиксели, а од напред корисниците ќе мора да се задоволат со 1,3 мегапиксели.
 
Иако телефонот е првично наменет за Јапонија, од Dell веќе најавуваат глобално лансирање набрзо.