Гејминг смартфонот Lenovo Legion доаѓа во јули

Објавено на 12.06.2020 во Новости



Гејминг смартфонот Lenovo Legion доаѓа во јули

Lenovo по долго време на шпекулации и протечени информации во медиумите конечно и официјално потврди дека во јули планира да го лансира новиот гејминг смартфон кој ќе го носи нивниот препознатлив бренд Legion од гејмерските лаптопи.

Lenovo Legion смартфон ќе има примарна функција за играње на мобилни видео игри па така целиот дизајн е прилагоден за хоризонтално држење, вклучувајќи ја и поставеноста на страничната pop-up селфи камера, како и на главната камера на задната страна.

Ова е сосема нов концепт на гејминг смартфони кои би требало да имаат конкретена корисничка база, па ќе видиме како Lenovo Legion ќе профункционира на дело. 





Прочитајте повеќе: