Google Messages со Android 11 добиваат Bubbles мени следниот месец

Објавено на 13.06.2020 во Новости



Google Messages со Android 11 добиваат Bubbles мени следниот месец

Google Messages подолго време се подготвува да лансира ново мени кое ќе наликува на Facebook Messenger Chat Heads, односно пораките да се прикажат во кругче и да „лебдат“ над било кој дел од менито на смартфонот, а штом ви стигне нова порака од вашиот контакт повторно да ја активирате целосната апликација.

Google Messages со Bubbles менито ќе функционира на сличен начин со тоа што се чека целосната надградба на оперативниот систем Android 11 па потоа корисниците ќе може да го користат менито на меурчиња за приказ на нивните контакти со кои се допишуваат, а без притоа да им сметаат во останатите активности кои може да ги продолжат.