Анонимуси се фалат дека се одговорни за проблемите со Facebook, Instagram, Messenger

Објавено на 17.06.2020 во Новости



Анонимуси се фалат дека се одговорни за проблемите со Facebook, Instagram, Messenger

Во текот на целиот ден корисниците паралелно пријавувале проблеми со објави на Facebook, но целата работа кулминирала во понеделник вечерта, кога голем број на корисници во Европа имале проблеми.

Facebook, Instagram и Messenger не работеле кај голем број на корисници во Европа, па дури и во Македонија. Корисниците не можеле да објават видео, коментар на објава или да испратат порака до други корисници. Бизнис корисниците во текот на денот не можеле да додаваат дополнителни опции на своите објави како што се „Дознај повеќе“ или „Купи“. Facebook потврдува дека имал проблем со функционирањето за дел од платформата и го истражува проблемот.

Хакерската група Anonymous на Twitter објавила дека би можеле да сугерираат дека зад овие проблеми стојат токму тие. Се уште нема официјално соопштение дека имало напад врз мрежата на Facebook, па затоа нивната објава треба да се земе со резерва.