Facebook отстрани изборни реклами на Трамп поради нацистички знак

Објавено на 19.06.2020 во Новости



Facebook отстрани изборни реклами на Трамп поради нацистички знак

Facebook ги повлече рекламите од изборниот стожер Доналд Трамп, кои биле против крајната левица со обратен црвен триаголник, знакот со којшто нацистите ги означувале политичките затвореници во концентрациските логори.

Washington Post бил првиот што го одбележил тоа и ја пријавил спорната содржина на Facebook. Социјалната мрежа подоцна ги повлекла рекламите на кои бил црвениот триаголник. Портпаролот на социјалната мрежа потврдува дека се повлечени објавите на Трамп, оти ги кршат правилата за сузбивање на говорот на омраза.