Huawei Enjoy 20 Pro претставен со тројна камера и ниска цена

Објавено на 19.06.2020 во Новости



Huawei Enjoy 20 Pro претставен со тројна камера и ниска цена

Huawei лансираше нов смартфон во основната класа со многу ниска цена, како и многу модерни компоненти.

Новиот Huawei Enjoy 20 Pro е претставен со 6,5 инчен дисплеј со 90Hz стапка на освежување и Full HD Plus резолуција.

Хардверски Huawei Enjoy 20 Pro е составен од Dimensity 800 процесор, 8 GB RAM, 256 GB,   има 16 мегапикселна селфи камера, тројна главна камера со примарен сензор од 48 мегапиксели, како и батерија со капацитет од 4000 mAh.