Трамп повторно доби по прстите оти Twitter му означи „непримерен“ твит

Објавено на 24.06.2020 во Новости



Трамп повторно доби по прстите оти Twitter му означи „непримерен“ твит

Twitter во вторникот повторно го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп, означувајќи дека неговиот нов твит ги прекрши правилата на мрежата што забранува непримерно однесување, но твитот и понатаму може да се чита поради јавен интерес.

„Никогаш нема да има „автономна зона“ во Вашингтон ДЦ, додека сум јас ваш претседател. Ако се обидат, ќе се соочат со сериозна сила“, објавил Трамп на Twitter, во контекст на протестите против полициско насилство и расизам што траат веќе со недели.

Нашите правила се пропишуваат да не им дозволуваме на луѓето да сакаат или се надеваат дека ќе наштетат на некоја личност или група, објаснил на Twitter