iPhone 12 ќе нема ни слушалки ни полнач во пакувањето?

Објавено на 29.06.2020 во Новости



iPhone 12 ќе нема ни слушалки ни полнач во пакувањето?

Apple смислува нова тактика со која ќе може да заработи до 100 долари плус од секој продаден iPhone 12. Според информациите на инсајдерите новиот iPhone 12 ќе се продава по слична цена како и ланскиот модел, но на товар на корисникот.

Имено, во пакувањето на iPhone 12 нема да има вклучено ниту бесплатен полнач ниту слушалки со кабел за кои корисникот ќе треба да издвои до 100 долари плус од тоа што ќе го плати за смартфонот.

Логиката на Apple иако е погрешна смета дека корисниците веќе имаат полначи од претходни модели на iPhone како и соодветни слушалки, па така ќе заштеди како на додатоци, така и на самото пакување за iPhone 12 кое ќе биде помало.





Прочитајте повеќе: