LG догодина со смартфон кој се витка како ролна

Објавено на 02.07.2020 во Новости



LG догодина со смартфон кој се витка како ролна

LG уште пред неколку години беше еден од првите брендови кој лансираше смартфон кој може да се превиткува со еластичен дисплеј, но потоа трката ја предводеа Samsung и Huawei со нивните смартфони со двоен екран кој се преклопува.

Првичната идеја на LG за флексибилен смартфон кој ќе може да се превиткува во ролна најверојатно ќе биде лансиран во 2021 година бидејќи веќе со години се развива овој концепт.

Во иновацијата на LG беше клучно да се креира батерија која исто така ќе биде флексибилна бидејќи пластичните OLED екрани се веќе совладан предизвик.

LG Mobile одамна не е во врвот на мобилната индустрија, па можеби токму со оваа променета и трпелива стратегија ќе направи поголем камбек на пазарот.