Повторно се појави Samsung Galaxy Tab S7+ 5G

Објавено на 03.07.2020 во Новости



Повторно се појави Samsung Galaxy Tab S7+ 5G

Претстојниот таблет Samsung Galaxy Tab S7+ 5G повторно се појави на интернет овој пат на германската веб страна за поддршка на корејскиот бренд со што се потврдува дека неговиот официјален пласман ќе се случи многу набрзо.

Samsung Galaxy Tab S7+ 5G ќе работи со моќен осум-јадрен Snapdragon 865 процеср, ќе има големина на екранот од 12.4 инчи со Full HD резолуција, со огромна батерија со капацитет од 10.000 mAh. 

Главните адути на овој таблет ќе бидат мобилната 5G конекција како и големиот дисплеј со поддршка за S Pen. Цената засега не е откриена.