Motorola One Fusion најавен со пониска цена

Објавено на 03.07.2020 во Новости



Motorola One Fusion најавен со пониска цена

Motorola најпрво го лансираше Plus моделот на One Fusion смартфонот, за сега да ја лансира „Lite“ верзијата која иако ја нема таа додавка во името доаѓа со нешто пониска цена и за нијанса променети компоненти во однос на помоќниот и поскап модел.

Motorola One Fusion е претставен со 6.5 инчен IPS LCD дисплеј, со резолуција од 720 x 1600 пиксели, работи со осум-јадрен Snapdragon 710 (10 nm) процесор, 64 GB основна вградена меморија, 4 GB RAM и голема батерија со капацитет од 5000 mAh.

Додека хардверот е во рамки на просечното, главниот адут на Motorola One Fusion е главната камера на задната страна со четири сензори од кои примарниот има 48 мегапиксели, потоа ултрашироката леќа има 8 MP, макро леќата има 5 мегапиксели, и леќата за длабочина има 2 мегапиксели. 





Прочитајте повеќе: