Google спрема „црвено копче“ за спас на светот

Објавено на 06.06.2016 во Новости



Google спрема „црвено копче“ за спас на светот

Стивен Хокинг и Елон Маск предупредуваат за опасноста од вештачката интелигенција, која може да биде кобна за човештвото. Google е лидерот на ова поле, кој вложува милијарди долари во развојот на роботиката и вештачката интелигенција. 

Се чини и дека во оваа компанија се спремаат на потенцијални опасни сценарија, што би можеле да се случат во случај кога вештачката интелигенција и роботите би ги преземале работите во свои раце. Одделот DeepMind на Alphabet објавил истражување за имплементација на безбедносни мерки во технологијата. Станува збор за „големо црвено копче“, со кое би можела да се деактивираат вештачката интелигенција и роботите, со што човекот ќе преземе целосна контрола во случај ако роботите почнат да го уништуваат човештвото. 

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}