Ревизијата открива дека Facebook не се бори доволно против дискриминација
Објавено на 09.07.2020 во Новости
Facebook Inc. не прави доволно во борбата против дискриминација на своите платформи и некои негови одлуки се дури и штетни за човековите права, оценува независната ревизија што ја ангажирала самата компанија.
Ревизорскиот пронајдок би можел да биде дополнителен притисок врз компанијата што веќе се соочува со бојкот од околу 900 рекламери, а меѓу нив се и големите брендови како Coca-Cola, поради обвинувањето на борците за граѓански права дека компанијата поттикнува говор на омраза. Портпаролот на Facebook изјави дека ова е почеток, а не крај, за зајакнувањето и подобрувањето на граѓанските права на секоја област во компанијата.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.