Прва слика од Huawei Enjoy 20s во црно

Објавено на 21.07.2020 во Новости



Прва слика од Huawei Enjoy 20s во црно

За прв пат во јавноста се појави слика од претстојниот смартфон во средната класа Huawei Enjoy 20s со црна боја на маската со што се откриваат неколку детали.

Најпрво за Huawei Enjoy 20s се потврдува дека ќе има тројна главна камера на задната страна со примарен сензор од 68 мегапиксели.

За Huawei Enjoy 20s засега е познато и дека ќе располага со 6.8 инчен Full HD Plus дисплеј, ќе работи со осум-јадрен Dimensity 800 процесор, ќе има 128 GB меморија, 6 GB RAM и батерија со капацитет од 4200 mAh.

Автор: Aleksandar Stankov