Samsung и Apple се недопирливи - Доминираат на пазарот на смартфони
Објавено на 22.07.2020 во Новости
Бројот на активни смартфони се зголемил на 3.8 милијарди на глобално ниво во првиот квартал на 2020 година. Тоа е зголемување од 68,9 милиони смартфони во споредба со четвртиот квартал на 2019 година.
Анализата на пазарните податоци покажува дека глобалната доминација и понатаму ја поседуваат Samsung и Apple. Samsung има 26,2% учество на светскиот пазар на смартфони, додека Apple следува со 22%. Третата позиција ја држи Oppo со 12,2%, Huawei е четврт со 11,8%, а Vivo е петти со 9,3% удел на глобалниот пазар.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.