Индустријата со видео игри пораснала за 26% во јуни

Објавено на 22.07.2020 во Игри



Индустријата со видео игри пораснала за 26% во јуни

Повеќето забавни индустрии ги доживуваат најтешките моменти поради пандемијата со коронавирусот, а индустријата со видео игри ги бележи најдобрите резултати од било кога. NPD Group објави дека продажбата на видео игри пораснала за дури 26% во споредба со јуни 2019 година.

Притоа се продавале повеќе хардвер, софтвер, додатоци за играње и претплати за онлајн сервиси. Вкупната продажба надминала 1,2 милиларди во јуни, што е највисокиот износ од јуни 2009 година. Најпродавана игра во јуни била The Last of Us Part II во сопственост на Sony, претставена на 19 јуни, а со неа продавачите ја купувале и Call of Duty: Modern Warfare te Animal Crossing: New Horizons.

Автор: Aleksandar Stankov