Уникатниот гејмерски смартфон Lenovo Legion Duel конечно претставен

Објавено на 22.07.2020 во Новости



Уникатниот гејмерски смартфон Lenovo Legion Duel конечно претставен

Lenovo откако се етаблираше како еден од подобрите брендови со Legion лаптопите за видео игри, сега се реши конечно да го лансира долго очекуваниот Legion Duo гејмерски смартфон со уникатен дизајн, функции и додатоци.

Lenovo Legion Duo пристигна со 6.65 инчен AMOLED дисплеј со рекордна стапка на освежување на сликата од 144 Hz, работи со најмоќниот осум-јадрен Snapdragon 865 Plus процесор, со 16 GB RAM, 512GB UFS 3.1 меморија и батерија со капацитет од 5000 mAh.

Вистински новитет е што смартфонот е прилагоден за хоризонтална употреба за искористување на дисплејот за видео игри, исто така хоризонтално може да се користи и закачената камера на рамката страна која се извлекува како селфи камера од 20 мегапиксели.

На задната страна има главна камера со 64+16 мегапиксели, поддршка за 5G мобилна конекција, Wi-Fi 6 стандард на безжична интернет конекција, стерео звучници, систем за ладење на хардверот, како и моторизирани оски за вибрации и дополнителни ефекти.