Samsung Galaxy Note 20 ќе има антимикробска маска
Објавено на 27.07.2020 во Новости
Според информации од Јужна Кореја новиот фаблет Samsung Galaxy Note 20 ќе има посебен додаток кој ќе го штити уредот и самиот корисник од микроби.
Се очекува да биде понудена специјална маска која ќе има антимикробска заштита што ќе овозможи спречување на ширење на микроби на површината на самиот смартфон.
Оваа маска на Samsung Galaxy Note 20 засега не е познато колку ќе чини, но со оглед на актуелната пандемија со КОВИД-19 се очекува голем интерес од страна на корисниците.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.