Huawei ќе лансира наследник на одличниот хибриден TalkBand

Објавено на 27.07.2020 во Новости



Huawei ќе лансира наследник на одличниот хибриден TalkBand

Huawei наскоро ќе лансира наследник на одличниот хибриден уред TalkBand кој функционира како смарт часовник и фитнес тракер, но исто така и како Bluetooth headset за воспоставување на телефонски повици handsfree.

Новиот модел Huawei TalkBand B6 веќе се појави на видео и има значително подобар дизајн и многу потенко тело. Кога хедсетот ќе го издвоите од ременчето и лежиштето за смарт часовникот, добивате многу ефикасна Bluetooth слушалка која може посебно да ја користите.

TalkBand B6 ќе работи со Kirin A1 процесор, Bluetooth 5.1, USB-C влез за брзо полнење и за ниајнса заоблен дисплеј со големина од 1.53 инчи со метално лежиште за часовник и кожни ременчиња.

Автор: Aleksandar Stankov