Instagram ви ја користи камерата на iPhone и кога не правите слики!?

Објавено на 27.07.2020 во Новости



Instagram ви ја користи камерата на iPhone и кога не правите слики!?

Нов скандал му се заканува на Facebook откако дел од корисниците на iPhone пријавија дека мобилната апликација Instagram неовластено ја користи камерата додека не се прават ниту слики ниту видеа.

Според корисниците додека скролале по содржните на Instagram добиле нотификација преку iOS 14 системот дека апликацијата Instagram во позадина ја има активирано камерата и микрофонот, а притоа тие ниту правеле селфи, ниту видео повик со контактите.

Од Instagram, инаку во сопственост на конгломератот Facebook, тврдат дека станува збор за грешка во апликацијата за оние корисници на iOS 14 оперативниот систем кој е во бета фаза на тестирање и дека истиот „баг“ ќе биде решен.