CES 2021 официјално ќе се одржува виртуелно поради коронавирусот!

Објавено на 29.07.2020 во Новости



CES 2021 официјално ќе се одржува виртуелно поради коронавирусот!

Пандемијата со коронавирусот пресуди за уште еден грандиозен технолошки саем да се одржи виртуелно. Саемот за потрошувачка електроника CES 2021 нема да може да одржи  настан со 10 илјади луѓе во Лас Вегас, објавиле од Consumer Technology Association, организаторите на CES. Целосно CES 2021 ќе се овозможи да се следи виртуелно.

CTA планира предавања, конференции, презентација на производи, состаноци и поврзувања во дигитален облик, додека стариот CES би требало да се врати до 2022 година.