LG Mobile со претрпен пад од 18% на продажбата на смартфони

Објавено на 31.07.2020 во Новости



LG Mobile со претрпен пад од 18% на продажбата на смартфони

LG Mobile во месеците март, април и мај кога најсилно се почуствува влијанието на економската криза предизвикана од КОВИД-19 пандемијата има претрпено годишен пад на продажбата на смартфони од 18%.

Според финансискиот извештај за вториот квартал од 2020, вкупните приходи од продажба на клучните модели како LG V60 Q Think, LG Velvet и LG Q51 изнесувале 1 милијарда американски долари.

Пад има и во останатите сегменти на работење на LG, па така изминатите три месеци се едни од најтешките за компанијата иако има мало стабилизирање во поглед на првиот квартал од годината во поглед на продажбата и враќање на каналите на производство, дистрибуција и продажба.