Google со амбиција за Pixel Fold на превиткување
Објавено на 07.08.2020 во Новости
Google ги направи првите подготовки за изработка на Pixel Fold, односно смартфон од нивно производство кој би имал двоен екран со мека пластика на превиткување и преклоп на двата дела.
Според патентите со кои располага Google новиот преклопен смартфон ќе се затвора од надвор кон навнатре. Надворешната страна ќе содржи помошни елементи, а внатрешно ќе има две компоненти на дисплејот.
Google Pixel Fold најрано би бил лансиран во последниот квартал од наредната година.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.