Hyundai најави три нови e-возила до 2025!

Објавено на 11.08.2020 во Новости



Hyundai најави три нови e-возила до 2025!

Е-возилата се иднината, па така Hyundai на пазарот веќе го има моделот Ioniq, кој ќе го продава до 2025 година, до кога планира да претстави три такви автомобили. Првиот модел Ioniq 5 ќе се појави следната година на пазарот, кој се базира на Hyundai 45. Станува збор за реотро модерно возило, дизајнирано по повод 45. годишнината на првиот автомобил што целосно го развила јужнокорејската компанија, моделот Pony. 

Година подоцна можеме да го очекуваме и Ioniq 6, уште едно возило базирано на овој концепт. Моделот Prophecy е футуристички автомобил со спортски дизајн, кој сигурно ќе има промени додека да биде официјално претставен во електрична верзија. Последниот оде трите модели ќе се појави во 2024. година - Ioniq 7. За него се уште нема информации, освен тоа дека ќе биде SUV модел.